Во исцрпни разговори со некои од нашите сегашни и бивши политички личности кои (без партиски препукувања молам) никогаш не беа обвинети за корупција, а да не беше тоа поврзано со party favouritism со цел ноје на туѓ грб да ќари позиција, чув дека се спрема неубава работа за Македонија.
Мора акција за да се спаси што може да се спаси. И тоа со очувување на интегритетот на сегашната влада во модифициран состав т.е со своевидна експертска влада сососавена од некои сегашни, некои бивши политички фигури, до НАТО Самитот и по него за време на предвремените избори со цел да се исполнат параметрите на ЕУ за добивање датум за преговори.
Истите тие апсолутно се сложуваат да бидат фрлени на браникот на Македонија, борејќи се да се врати статусот на НАТО и името т.е да се надмине проблемот кој е создаден како НАТО или името, при што се губи или името или идентитетот и името или НАТО.
Говорев со нив, не им е ќеиф да се експонираат како оние кои треба да ја бијат битката во која настапуваме како скоро поразени, но од едноставна причина, љубов кон Македонија, од која јас напишав резолуција и писмо, друг напиша извадоци од поддршки, трет рече дека ќе ја пушти насекаде, четврт понуди авиобилети за некои од нас да дојдеме Скопје во овој кризен период, дури и ги резервира и даде кредитна за плаќање итн.
Разбираат дека ако не успеат за нив нема иднина, но нема ни за нивните деца во Македонија.
Еден од нив ми рече: пријателе ххх разбери, пари имам, што ќе ми се ако држава немам, друг ми рече, мој ххх син ми ме прашѕва кој сум, јас му велам македонец, тој ме прашува кој, јас пак македнец, а тој пак прашува не сме ли фирмонаци, како да не се жртвувам, па ако не успеам, барем ќе знае народот дека пробав и ќе знае кого да стрела место да има крвопролевање кое се спрема.
Третиот, драг мој пријател ме потсети на времето кога ми даде меморандум со негов потпис, празен освен потписот и ми рече: ова тебе, за тоа што ти треба, иако можеш да напишеш што сакаш и јас дури и затвор да одам, ти верувам, ме потсети и ми рече зарем сега да не ти верувам пак клога од мене бараш иста жртва како и тогаш??
Знам дека кога ќе им ги објавам имињата мнозина од вас ќе рипнат да бараат валканици. ќе ископаат нешто гнасно од нашите платеници таканаречени новинари кои се само скандал мајстори, знаат и тие дека тоа ги чека. Знам дека и мене ме чека истото. Дури и повеќе.
Но, решив, ќе ги пишам, бидејќи сум таму каде гледам како почна колата да оди низбрдо и како оди и понатаму вртоглаво надолу.
А мислам дека овие, неколцина, ако не, можат барем да ја запрат да не продолжи кон бездната.
Како експертска влада, која ќе финцкионира, САМО до Букурешт И ДО ФОРМИРАЊЕ НОВА ВЛАДА ПО ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ИЗБОРИ, а со цел да се задржат ЕУ интеграциските процеси сметам и барам поддршка да се постават на клучните места следниве лица:
Евроинтеграции - З. Крстевски
МНР - С. Чашуле
Правда - В. Камбовски
Земјоделие - М. Ѓорчев
Култура - Г. Цветановска
Здравство - Ѓ. Оровчанец
Транспорт и врски - Г. Лазески
Другите сектори некако и би минале со сегашниве, во процесите по НАТО, а за зачувување на името и до изборите нови, предвремени, оти не навлегуваат толку во процесите на реформи потребни за датум за ЕУ.
А ќе го заборавев и Гале Галев, сега се чув со него, ми се јави, а го барав пред тоа, не беше достапен.
Овие, некои од нив, веќе ја лиферуваа предлог резолуцијата како фактор контра грчкото вето онаму каде треба.
за предлог резолуцијата се сите ЗА, дури и ако нема грчко вето, оти сметаат дека Македонија е земја која не само што мора да биде почитувана од светот за својата правичност, туку и треба да биде замолена, а не условувана да продолжи со бедниот разговор за влез во НАТО и ЕУ, како фактор на Балканот, кој продуцира мир, а не криза, како нашите горливи соседи од насекаде околу нас.
Пеки, секој од нив имаше свој момент во некоја влада!
Погледнете надпартиски и речете дали не работеа за доброто на Македонија!
Кој донесе кредит за земјоделците? Кој го возбнови Плаошник и издаде историски читанки за кој сега не обвинуваат за иредентизам грците. Кој апсеше корупмирани политИчаРи. Кој ја потврди границата на Македонија, дури и со Косово (КОЈА НИ ЈА ОСПОРУВААТ) И KОЈ ИМ РЕЧЕ НА USA NO PASARAN?
Кој успеа да договори ЕУ кандидатура? Кој не дозволи да капитулира Македонија во повеќе наврати под диригентската палка на, знаете и самите кој.....И така натаму, да не должам повеќе.
Не знам за вас, ама јас лично сметам дека е ппоарно овие да ја истуркаат до Букурешт и следните избори (ако треба под премиерска капа на Груевски) со ИМЕТО и ПРЕЗИМЕТО НАШЕ КАКО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА во НАТО, а ако треба и без НАТО, ама тогаш во ОН и другите меѓународни организации!
Јас вака мислам! Вие? Оние кои со свој ум и разум судите?
Мислам дека ако подумате и вие како мене ќе мислите.
П.С. Сердаре, Светко, Брате, Трну, Гоцо, Крејзи, Серпико и другите, острете камите, јас мојата ја острам, жими што сеуште надеж имам дека некој ќе се свести свесниве да ги стави каде светот ќе го свестат кои сме и што сме.
Умрев и ќе умирам секојдневно додека не се случи НАРОД во Македонија! Но жив сум за да умрам со насмевка баш тогаш кога ќе се случи НАРОД во МАКЕДОНИЈА! Доста страдаше, време е весела песна да запее!