Синалко Форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Синалко Форум

Добредојдовте на Синалко Форумот!
 
HomeHome  Latest imagesLatest images  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Струмица !!!

Go down 
АвторПорака
Синалко
Администратор
Администратор
Синалко


Број на мислења : 276
Join date : 2008-04-02
Age : 30
Местолокација : Струмица

Струмица !!! Empty
ПишувањеПредмет: Струмица !!!   Струмица !!! EmptyЧет Апр 03, 2008 1:01 am

Стрмица е град во југо-источниот дел на Република Македонија и со своите 35 311 жители претставува најголем културен, трговски и политички центар во овој регион.
Според потписот од 2002 година во градот Струмица живеат 35 311 жители од кои :
Македонци (91,92%)
Албанци 3 (Smile)
Турци(6,87%)
Роми (0.27%)
Власи (0.005%)
Срби (0.34%)
Бошњаци (0.01%)
останати (0.58%)

ИСТОРИЈА

Антички период
Потврда дека струмичкиот крај бил густо населен уште во античко време е постоењето на неолитската населба “Страната“ кај селото Ангелци. Овој археолошки локалитет нуди нови сознанија за доцниот неолит бидејќи населбата датира од околу 4500 до 3800 година п.н.е. За ова до скоро се знаеше дека постои само во брегалничкиот и Овчеполскиот регион. Најновите наоди кај Струмица ја потврдуваат и тезата за постоењето на неолитска сообраќајница од брегот на Егејското море до централниот дел на Балканот.

Откриените фрагменти од керамички садови, вообичаена неолитска пластика, лепеж од куќи, култни предмети и слично укажуваат на фактот дека овде постоело грнчарство на завидно ниво, а откопаните алати (мотики, секири, длета) и женски фигури како симбол на плодноста, дека тука живеела земјоделско-сточарска популација.

Под името Астраион, градот за првпат во пишаните извори се среќава кај римскиот историчар Тит Ливиј, во 181 година пред новата ера, во врска со убиството на Деметриј братот на македонскиот крал Персеј (179-168 пр.н.е.), односно синот на Филип V (221-179). Името Астраион градот го добил по пајонското племе, Астраи. Во 168 година пр.н.е. Македонија паднала под римски протекторат и била поделена на четири мериди, а Астраион припаднал на втората мерида. Во 148 година пр.н.е. Македонија станала римска провинција. Во римскиот период градот го променил своето име во Тивериопол, за што ни сведочи мермерниот постамент, посветен на патронот Тибериј Клавдиј Менон, од крајот на 2 век и почетокот на 3 век. Во времето на римскиот цар Јулијан Отпадник (361-363) во Тивериопол биле убиени Св. 15 Тивериополски свештеномаченици.

Во 395 година римската империја се распаднала, а Македонија припаднала на Источното Римско Царство. Потоа Тивериопол се наоѓал во составот на провинцијата Macedonia Salutaris (крај на 4 век) и провинцијата Macedonia Secunda (крај на 5 век). За постоењето на градската населба од тој период сведочи доцноантичката урбана палата – Мачук. Градот Струмица заедно со својата најблиска околина, поволните географско-климатски карактеристики и богатото Струмичко поле, одсекогаш представувал важен крстопат на патиштата на разни култури и цивилизации кои го оставиле својот белег на оваа почва. Следејќи ги материјалните остатоци, создавани во разни историски епохи, почнувајќи од праисторијата, преку антиката, византиско-словенската, турскиот период, итн. Струмица е еден од ретките градови со напластено богатство на споменици.

Византо-словенски период
Во првата половина на 6 век, по долините на реките Струма и Струмица се населиле Струмјаните. Во „Житието на тивериополските мачаници“ стои дека „еден варварски народ... навлегол во Тивериополските земји, опустошил многу градови, па и самиот Тивериопол, а од неговите жители едни со меч ги истепал, друѓи заробил а убавите згради и храмови ги срамнил со земјата“ .

Со преселбата на Словените, која се одвивала во периодот од осумдесетите години на 6 век до триесетите години на 7 век, градот доживеал големи разурнувања. На овие простори се населило словенското племе Струмјани, кое го добило своето име по реката Стримон, која тие ја преименувале во Струма. Склавинијата на Струмјаните егзистирала како независно словенско кнежество извесен период, додека не биде завладеана од Византија. Во периодот од 845 година до 855 година како византиски воен управник во брегалничко-струмичкиот крај бил Методиј (825-885).

Струмичката област, потоа била завладеана од бугарскиот владетел Борис I (852-889). Во 893 година Климент според Диканжовиот список (XII век) бил поставен за "епископ на Тивериопол или Велика". Струмичкиот регион ќе остане во бугарската држава се до 969 година кога избило првото востание на комитопулите (Самуил, Арон, Мојсеј и Давид) и ќе влезе во Самуиловата држава (976-1018).
На 29 јули 1014 година, на овие простори се одиграла Беласичката битка, во која македонската војска предводена од цар Самуил (976-1014) била поразена од Византијците на чие чело бил Василиј II (976-1025). По битката биле ослепени 15 000 македонски војници, како одмазда на Василиј II за смртта на својот командант Теофилакт Вотанијат, кој бил убиен од синот на цар Самуил, Гавраил Радомир (1014-1015). Во 1018 година Македонија била завладеана од Византија. По 1018 година, Струмичкиот крај повторно паднал под византиска власт, под која ќе остане до пред крајот на 12 век. Византија својата власт ја зацврстила преку црквата која била претворена во орудие на византиската држава. Струмичката епархија во рамките на Охридската архиепископија била ставена во службата на Цариградската патријаршија. Карактеристично од тоа време е тоа што многу имоти од Струмичко меѓу кои и манастирот во Вељуса му биле подарени на светогорскиот манастир „Иверион“

Од 11 век за првпат во пишаните извори (Асеманово евангеление) почнува градот да се именува со Струмица. Кон крајот на 12 век, централната власт на Византија ослабела, па како резултат на тоа ќе дојде до осамостојување на повеќе независни феудалци. Во струмичкиот крај се осамостоиле Добромир Хрс (1185-1202), а потоа и Севастокрар Стрез (1208-1214), но нивните владеења биле ликвидирани од Византијците. Кон крајот на 13 век започнале српските напади на Македонија. Извесен период со Струмица и регионот ќе владее Хреља, за да во 1334 година српскиот крал Стефан Душан (1331 - 1355) ја освои Струмица. По распаѓањето на Душановото царство, струмичкиот регион ќе биде управуван првин од Угљеша, братот на Волкашин, а по неговата смрт 1371 година во битката кај Марица, со овој регион ќе загосподарат браќата Дејановиќи. Нивното владеење бил со краток век, бидејќи Турците во својот продор на Балканот ја завладеале и Струмица во 1382 - 1383 година со што завршува средниот век во овие краишта.

ОСМАНЛИСКИ ПЕРИОД

Струмица во османлискиот период во турската администрација била нарекувана Уструмџе. Таа била приклучена кон Ќустендилскиот санџак и во неа ќе биде воспоставен спахиско-тимарски систем. Во градот било населено номадско сточарско туркменско население, така што градот го сменил својот лик и почнал да добива ориентален изглед. Струмица според пописот од 1519 година имала 2780 жители, од кои 1450 христијани, а 1330 муслимани. Во тој период се одвивала и засилена исламизација на што се должи зголемениот број на муслимани 2200 на пописот од 1570 година, наспроти 1230 христијани.

Во 17 век, Струмица станала седиште на кадилук. Во тоа време во Струмица поминале и турските патеписци Хаџи Калфа (1665) и Евлија Челебија (1670), кои даваат опис на градот со сите муслимански објекти, кои ги имало во Струмица тогаш. Кон крајот на 18 век и почетокот на 19 век струмичката каза била во состав на Солунскиот санџак. Во 19 век зајакнало патријаршиското движење и гркоманското население зело замав. Тоа довело до силно антипатријаршиско движење во 60 – тите години на 19 век. Во 1860 година во Робово било отворено првото училиште на македонски јазик, а прв учител бил Арсени Костенцев од Штип.о тој период твореле и големите струмички зографи Васил Ѓорѓиев и Григориј Пецанов, кои работеле на живописот и иконостасите на повеќе цркви, кои тогаш се отварале во струмичко. Со Берлинскиот конгрес од 1878 година, кога Турција изгубила голем дел од своите владеења на Балканот (Босна, Србија, Црна Гора),голем број од бегалци се слееле кон Македонија, а дел од нив и во Струмица. Тоа население се нарекува мухаџири.

Се потешката ситуација на македонското население под турската власт, допринела да се формира Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) на 23.10.1893 година во Солун. Првиот човек кој ги прифатил идеите на ВМРО во струмичкиот регион бил Стојан Ѓорѓиев од Дабиле, кој во 1895 година го формирал и првиот месен комитет во Струмица. Во овие краишта бил формиран и дејствувал Огражденскиот окружен македонско-одрински револуционерен комитет. Еден од најистакнатите раководители на револуционерната организација бил Христо Чернопеев, кој учествувал и во Младотурската револуција (1908-1909), која не завршила со ослободување на македонскиот народ и останал под турско владеење.

Струмица во 20-ти век
Со Првата балканска војна од 1912 година Турците биле победени и истерани од Македонија, а со тоа и од Струмица од страна на балканските сојузници (Србија, Бугарија, Грција и Црна Гора). Со Струмица завладеала Бугарија.

Во текот на летото 1913 година Струмица и околината доживеале уште една втора по ред краткотрајна, но вандалска и жестока окупација од страна на грчките окупатори. На 25 јуни, само девет дена од избувнувањето на Втората балканска војна, грчките војски ги разбиле бугарските позиции јужно од градот, и утредента влегле во Струмица. На 8 август, грчките војски ја запалиле Струмица, а пожарите стивнале дури на 15 истиот месец. Биле изгорени 1 900 јавни установи, цркви, куќи, дуќани, кафеани како и единствената синагога. Целосно или делумно Грците ги запалиле и селата Костурино, Раборци, Попчево, Зубово и Чам Чифлик кое повеќе никогаш не се обновило. При своето заминување на 17 август, Грците го запалиле и манастирот во Вељуса, чии конаци а делумно и црквата исто така изгореле.

За време на втората балканска војна и Првата светска војна, поради силниот грчки притисок од Егејска Македонија кон север избегале големи маси македонско население а добар дел од нив се населиле и во Струмичкиот крај. Тоа биле бегалци, наречени “бежанци“ главно од Кукуш, Горни Порој како и од Солунско. Тие се населиле главно во напуштените турски населби. Според еден податок, во 1921 година само во градот имало 2 700 бежанци. Со тоа многу се изменил и етничкиот состав на населението во градот особено по бегањето на турците кога бројот на населението значително се намалил. Денеска сеуште постои т.н. бежанско маало.

Во периодот на Информбирото настрадале и многу невини струмичани, а некои од нив никогаш не се вратиле дома.

Струмица со мировниот договор од Букурешт (28.07.1913), сепак останала под власт на Бугарија. Под бугарска власт Струмица останала се до 1919 година, кога со мировниот договор од Версај, со кој е завршена Првата светска војна, влегла во составот на Кралството СХС ( од 1929 година Кралство Југославија). Во тоа кралство, македонскиот народ бил без никакви права и бил подложен на асимилација од Србија.

Во Втората светска војна, Струмица била завладеана од германската војска на 6 април 1941 година. Германија, со договорот што го имале склучено за сојуз со Бугарија, им ја предала Струмица под окупација на бугарските војски на 18 април 1941 година. Македонскиот народ, а со тоа и луѓето од Струмица незадоволни од окупацијата на фашистичките земји, започнале воени дејствија против нив. На 11 септември 1944 година бугарската војска била протерана од Струмица, а на 5 ноември 1944 година градот го напуштила и германската војска. Струмичанецот Благој Јанков - Мучето е прогласен за Народен Херој. Друѓи попознати струмички херои од периодот на Втората светска војна се Сандо Масев, Боро Џони, Герас Цунев.

По војната, Македонија влегла во федерацијата Југославија, како рамноправна федерална единица.

МЕСТОПОЛОЖБА
Струмица и нејзината општина се наоѓаат на 41 22 северна географска широчина и 22° 35’ и 23° 45’ источна географска должина, го зафаќа крајниот југоисточен дел од Република Македонија веднаш под тромеѓето на меѓудржавните граници со Грција од југ и со Бугарија од исток. Регионот што всушност ја опфаќа котлината меѓу планините Беласица, Огражден и Еленица, по површина и по бројот на населението не е ниту помеѓу најмалите ниту помеѓу најголемите општини во земјата, но неговиот низински дел спаѓа во редовите на најгусто населените реони во Македонија. Според пописот на населението 2002 година, во Општината, со вкупна површина од 963 км2 живеат околу 95 000 жители, со тоа што во нејзиниот најплоден низински дел кој зафаќа помалку од една четвртина од вкупната површина живеат над 100 жители на 1 км2.

Струмичката котлина од југ е заградена со планината Беласица, по чиј срт се протега самата македонско-грчка граница и чиишто стрмни, доста влажни и пошумени падини на запад се надоврзуваат на планината Еленица а уште позападно на планината Плавуш. На северната страна се наоѓа планината Огражден која се протега од југоисток кон северозапад каде започнуваат да се издигаат планинитеСмрдеж и Плачковица. Конфигурацијата на овие планински венци ја дефинира Струмичката котлина, давајќи и форма на неправилен триаголник, кој е благо наведнат кон исток, во правецот по кој тече реката Струмица, во горниот дел Стара Река, која со своите 94 километри е и најдолгиот воден тек на подрачјето.

Просечната надморска височина на котлината изнесува 280 метри, а вкупната површина 290 км2, што претставува околу 30% од вкупната површина на регионот. Оградена е со планините Огражден, Беласица и Еленица. Економски најбогат и најзначаен дел од котлината е Струмичката рамница, потоа доаѓа Подбеласичкиот микро реон или т.н. Подгорот и на крај микро реонот на населените места распределени во подножјето на планината Огражден.

Општина Струмица се наоѓа на западниот и централниот дел од Струмичкиот регион, со површина од 321,89 км2. На исток се граничи со Општината Босилово, на запад со општината Конче, на север со Општина Василево, на југоисток со Општина Ново Село, а на југозапад со Општина Валандово. Ја сочинуваат 25 населени места, со вкупно население од 54 676 жители.
Вратете се на почетокот Go down
http://www.sinalco.macedonianforum.net
 
Струмица !!!
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Синалко Форум :: Македонија и Свет :: Македонски градови-
Отиди до: