Синалко Форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.
Синалко Форум

Добредојдовте на Синалко Форумот!
 
HomeHome  Latest imagesLatest images  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  

 

 Фан клуб Јувентус

Go down 
АвторПорака
Синалко
Администратор
Администратор
Синалко


Број на мислења : 276
Join date : 2008-04-02
Age : 30
Местолокација : Струмица

Фан клуб Јувентус Empty
ПишувањеПредмет: Фан клуб Јувентус   Фан клуб Јувентус EmptyЧет Апр 03, 2008 7:16 pm

Јувентус(на латински младост) познат како Јуве е италијански фудбалски клуб од градот Торино. Со исклучок на една сезона, тимот на Јувентус ја има поминато цела историја во првата италијанска лига Серија А. После освојување на втората Серија Б во сезоната 2006-07 се вратија во битка за скудетото. Јувентус е најтрофејниот фудбалски клуб во Италија, со се на се 51 трофеи, 40 во Италија, а 11 во европски и светски натпреварувања. Во 1985 Јувентус го направи она што ниту еден клуб не го направил - ги освоил сите интернационални натпреварувања.

Формирање
Есента во 1897 година, неколкумина студенти од Торино - вљубеници во спортот се одлучиле да формираат спортска екипа и на 1-ви Ноември 1897 формиран е клуб под името Augusta Tourinorum, но за само неколку денови луѓето се премислуваат и го именуваат клубот како Juventus што означува "младост" според латинската транскрипција.

Официјални основоположници на фудбалскиот клуб се Еугенио и Енрико Канфари и тој егзистира веќе 108 години и еден е од најстарите фудбалски клубови во Италија.

Дресови
Во првите години од формирањето на клубот, фудбалерите носеле дресови со розева боја и црни шорцеви.
Дресовите од тоа време не биле квалитетни, па во 1903 година, еден трговец со текстил од Торино се решил на клубот да му подари нови дресови. Тој дизајнирал дресови со розева основа и црни линии и го испратил дизајнот во Англија во фабриката за текстил каде по грешка им биле направени бело-црни дресови. Сите фанови и членови од Јувентус биле разочарани кога дресовите пристигнале но со текот на времето таа комбинација станала општоприфатена во клубот и од страна на навивачите.

Нови Времиња
Во 2004 година италијанскиот тренер Фабио Капело го напушти тимот на Рома и седна на тренерското столше на Јувентус. Капело ги предводи Јувентус до уште две скудета, но во 2006 година поради скандалот со местење на резултати Јувентус беа симнати во втората лига на италијанскиот фудбал, Серија Б, а истотака им беа одземени двете титули кои ги добија со Капело. После симнувањето на Јуве, Капело замина за Реал Мадрид. Од Јувентус истотака си замина и дотогашниот директор Лучијано Моџи.

Кога Јувентус отпадна во Серија Б, на директорското столче седна Џовани Коболи Џили, а на тренерското столче седна Дидиер Дешамп. Овој период беше катастрофален за Јувентус, бидејќи си замина најголемиот број на ѕвезди:Златан Ибрахимович, Лилиан Турам, Фабио Канаваро, Емерсон, Патрик Виера и др. Но најверните играчи како:Алесандро Дел Пјеро, Павел Недвед, Мауро Каморанези, Давид Трезеге и Џанлуиџи Буфон не заминаа, иако тоа значеше да играат во втора лига. Во сезоната 2006-07, очекувано, Јувентус завршија прво место во втората италијанска лига, и се испласираа во Серија А. Ден после освојувањето на трофејот, Дешамп даде отказ, а беше заменет од Клаудио Раниери. Летото 2007 Јувентус имаат купено 10 играчи, и тоа:Тиаго, Виченцо Јакинта, Хорхе Андраде, Хасан Салихамиџич, Зденек Григера, Серхио Алмирон, Доменико Крисито, Антонио Ночерино, Кристијан Молинаро и Јес Ванстратен на заем.


Моментални играчи :
ГОЛМАНИ

Џанлуиџи Буфон
Емануеле Беларди
Јес Ванстратен
Кристијано Новембре




ОДБРАНА
Алесандро Бириндели
Џорџио Келини
Џонатан Зебина
Хорхе Андраде
Џуљермо Стендардо
Денек Григера
Кристијан Молинаро
Никола Легротаље

СРЕДИНА

Кристијано Занети
Хасан Салихамиџич
Мауро Каморанези
Павел Недвед
Антонио Ночерино
Тиаго
Марко Маркиони


НАПАД
Виченцо Јакинта
Алесандро Дел Пјеро
Давид Трезеге
Рафаеле Паладино

СТАДИОН : Деле Алпи
Капацитет : 67,229

ПРЕКАР: Старата Дама

ТРЕНЕР: Клаудио Раниери
ПРЕДСЕДАТЕЛ : Џовани Коболи Џили

еве напишав нешто за фановите на јуве инаку јас сум фан на ЈУВЕНТУС и секакви дискусиии за јуве тука... afro
Вратете се на почетокот Go down
http://www.sinalco.macedonianforum.net
 
Фан клуб Јувентус
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Синалко Форум :: Спорт :: Фудбал-
Отиди до: